
Го бараа Милан, Порто и Атлетико, а заврши во Катар
Колумбиецот дојде на „Гудисон парк“ од таборот на Реал Мадрид минатото лето на инсистирање на тогашниот менаџер Карло Анчелоти. Откако Италијанецот си замина од тимот, Родригез веднаш го загуби својот статус на првотимец.
Имаше неколку забележителни настапи во дресот на „карамелите“, но оваа сезона воопшто не беше ниту во составот на Евертон на ниту еден натпревар сезонава.
Тој моментално е во преговори со клуб од Катар и наскоро се очекува да потпише договор, по што ќе биде објавено и името на на клубот.
Интересно е тоа што за Хамес изминатово лето имаше интерес од Милан, како и неговиот поранешен тим Порто, но и од Атлетико Мадрид. Сепак, Колумбиецот ќе се обиде да ја воскресне кариерата во Азија.