Германски репрезентативец го уценува Баерн Минхен на радост на – Реал и Јунајтед!

Одличниот германски репрезентативец, Леон Горецка, би можел следното лето како слободен фудбалер да го напушти Баерн Минхен, кој без никаква отштета би останал без еден од своите најсјајни бисери.

Според германскиот „Спорт1“, челниците на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед веќе почнале да го убедуваат фудбалерот да им се приклучи и тоа бесплатно, поради што би можеле да му ја дадат платата што ја посакува. Повеќемесечните преговори помеѓу Баерн Минехн и Горецка за новио договор не се мрднати од почетна позиција, со оглед што двете страни се многу далеку во своите ставови.

Фудбалерот од средниот ред бара зголемување на годишната плата на 10 милиони евра, што би значело дека би ги чинел Баварците двојно повеќе кога ќе се платат даноците кон државата. Ваквото неговот барање се коси со новиот клупски правилник во поделбата на играчите во три категории, од кои само Левандовски е ставен меѓу тие што може да заработуваат повеќе од 20 милиони евра.