Германците објавија список на стадиони што треба да се урнат - Сан Сиро, Олд Трафорд, Стемфорд бриџ...

Германскиот портал „СпортсРендер“, кој прави анализа на фудбалските стадиони и архитектурата на спортските објекти, објави листа од 10 легендарни стадиони кои треба да се урнат.

На списокот на порталот се наоѓаат „Сан Сиро“, „Олд Трафорд“, „Паркот на принцовите“, „Стемфорд бриџ“, „Шукру Сарачоглу“, „Олимпико Универсарио“, „Јан Брејдел“, „Урбано Кадеира“, „Полјуд“ и „Педро Бидегаин“.

Германците пишуваат дека овие стадиони имаат историска вредност, но инфраструктурата повеќе не ги задоволува барањата на модерниот фудбал и не се прилагодени на денешните потреби на фановите.

Списокот може да се погледне ТУКА.