Норвешка ја прегази Холандија и ќе се бори за титулата на СП

Ракометарките на Норвешка ја декласираа Холандија со убедливи 35-25 во полуфиналето на Светското првенство (СП).

Холанѓанките даваа отпор сè до 7-7, по што Норвешка влезе во серија од 4-0 и избега на 11-7, а предноста од четири погодоци остана до крајот на полувремето (18-14).

Норвешка беше фантастична и во второто полувреме, додека Холандија не успеа да го загрози посериозно нивното водство, па на крајот Норвежанките триумфираа со 35-25.

Реистад го заврши натпреварот со 10 голови за Норвешка, додека Полман постигна шест погодоци за Холандија.

Норвешка во финалето на СП ќе се бори против Германија, која претходно ја реши Франција со 29-23.