Гатузо нареди: Елмас и другарите од 23 март се враќаат на тренинг!

Италија е една од најпогодените од пандемијата на коронавирусот, па поради тоа беше прекинато и италијанското првенство, како и многу други натпреварувања, но очигледно работите почнаа да се менуваат, па македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и останатите фудбалери имаат закажано тренинг за 23 март во тренинг-центарот.

Како што објави и Наполи на официјалниот веб-сајт, тренерот Џенаро Гатузо наредил сите фудбалери да се појават во тренинг-центарот, каде што ќе продолжат со подготовките за продолжување на сезоната.