Гарначо ја продолжи војната со Тен Хаг, Фернандес му порача: Навистина си глупав (ФОТО)

Алехандро Гарначо вчера беше изоставен од стартната постава на Манчестер Јунајтед за што Тен Хаг изјави дека е од тактички причини, но многумина во тоа видоа одмазда за „лајкот“ што претходно го стави Аргентинецот на критиките од Кристијано Роналдо кон холандскиот стручњак.

Гарначо подоцна влезе во игра и ги искористи 20-тината минути за да постигне гол кој, нормално, го прослави во стилот на својот идол Роналдо, а фотографијата од тоа ја постави на Инстаграм. И тука некои забележаа дека се работи за провокација кон Тен Хаг, а најинтересен беше коментарот на Бруно Фернандес.

„Навистина се глупав“, напиша на шега Португалецот проследено со емотикон кон плаче од смеење.

За Гарначо тоа беше прв гол оваа сезона, а претходно имаше и една асистенција. Сезонава беше стартер само против Ливерпул и тогаш не се прослави.