Фудбалерите на Реал не смеат да излезат од авион ако не им е загарантирана безбедностa! (ВИДЕО)

Првото овосезонско „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18. декември на „Ноу Камп“.

Натпреварот, кој првично беше закажан за 26. октомври, беше одложен поради нестабилната политичко-социјална состојба во Каталонија, односно решението на Врховниот суд да донесе долгорочен затвор за девет лидери кои учествуваа во организирање на референдумот за независност на Каталонија.

Жестоките немири и протести на граѓаните придонесоа Шпанската фудбалска асоцијација да одлучи да го одложи овој меч и да го презакаже за 18 декември.

Сепак, безбедносната состојба во Каталонија сè уште не е најдобра, а тоа најдобро може да се потврди од одлуката во која се вели дека „фудбалерите на Реал Мадрид не смеат да се симнат од авионот во Барселона, освен ако не им се гарантира безбедност“.

Ова е доста очекуваната реакција од Мадрид. Сигурно е дека во наредните денови ќе има нови тензии меѓу Барселона и Мадрид, но за сега останува датумот на одигрување на овој меч, кој е предвиден за во среда од 20 часот.