Фудбалерите на Реал ќе добијат богати бонуси доколку ги освојат ЛШ и Ла Лига

Екипата на Реал Мадрид подготвува богати бонуси за своите фудбалери доколку успеат да ја освојат титулата во Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига.

Со ова, играчите на еден начин ќе можат да ги надоместат загубите поради пониските плати врз основа на резултатите од сезоната. За потсетување на почетокот на април, играчите се согласија на намалување на платите од 10 проценти во услови на криза поради пандемијата на коронавирус.

Така, секој играч на Реал ќе добие по 300.000 евра за Лигата на шампионите и 420.000 за титулата во Ла Лига.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно објави дека сезоната во Ла Лига ќе продолжи на 8 јуни.