
Фудбал и политика: Во Каталонија нема фудбал поради затворот за сепаратистичките лидери!?
Иако сите се залагаат за фудбал без политика, Каталонскиот фудбалски сојуз синоќа ги суспендираше сите фудбалски активности во регионот, кој е сепаратистички настроен, после осудувањето на деветмина лидери на затворски казни. Суспензијата значи дека фудбал во Каталонија нема да се игра, освен што Барселона ќе мора да игра во Лигата на шампионите, а гордоста на покраината заедно со Еспањол и Жирона ќе мора да играат во Ла Лига.
На овој начин каталонскиот сојуз се солидаризира со сепаратистичките лидери и нивните семејства, после одлуката на шпанскиот врховен суд да се осудат на затвор поради „разорување на Шпанија“.
Каталонија во 2017 година одржа референдум за независност на кој 90 отсто беа за отцепување, но референдумот не успеа зашто не го мина цензусот од 50 отсто излезност. Инаку, како поддршка за осудените сепаратисти вчера имаше и од Барселона.
„Барселона изразува солидарност и поддршка кон семејствата на тие што се лишени од слобода“, објавија Каталонците.