Форбс: Реал Мадрид е највреден клуб – вреди колку цел македонски буџет!

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб на светот со преку четири милијарди долари вредност, но англиските премиерлигашки доминираат на листата на највредни клубови, која ја објави најугледниот економски магазин на светот „Форбс“.

Реал Мадрид е највреден клуб и според истражувањето на консултантската куќа Делоит, која секоја година го истражува фудбалскиот бизнис според големината на приходите. Форбс, за разлика од Делоит, ја формира својата листа врз база на севкупната вредност на клубовите.

„Кралевите“ имаат вредност од 4,2 милијарди долари (3,8 милијарди евра), што е практично еднакво на цел еден годишен македонски буџет. Зад нив е најлутиот нивни ривал Барселона со четири милијарди, а трет е Манчестер јунајтед со вредност од 3,8 милијарди „зелени банкноти“. Во топ пет се уште и Баерн Минхен со вредност од три милијарди долари и Манчестер сити со 2,69 милијарди.

Дури девет премиерлигаши се во „топ 20“ најбогати клубови, а според „Форбс“ забалежително е дека сите имаат зголемување на вредноста за 3,4 отсто.

ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ КЛУБОВИ СПОРЕД „ФОРБС“

Реал Мадрид – 4,2 милијарди долари

Барселона – 4 милијарди долари

Манчестер ј. - 3,8 милијарди долари

Баерн Минхен – 3 милијарди долари

Манчестер сити – 2,69 милијарди долари

Челси – 2,6 милијарди долари

Арсенал – 2,3 милијарди долари

Ливерпул – 2,18 милијарди долари

Тотнем – 1,62 милијарди долари

Јувентус – 1,51 милијарди долари

ПСЖ – 1,09 милијарди долари

Атлетико Мадрид – 953 милиони долари

Борусија Дортмунд – 896 милиони долари

Шалке – 638 милиони долари

Интер – 672 милиони долари

Рома – 622 милиони долари

Вест Хем – 616 милиони долари

Милан – 583 милиони долари

Евертон – 476 милиони долари

Њукасл – 381 милиони долари