Фонсека најави: Милан со 16-годишен талент го напаѓа Каљари

Еден од најталентираните млади фудбалери, Франческо Камарда утре ќе настапи против Каљари во Серија А како стартер.

Португалскиот тренер Пауло Фонсека реши да му даде шанса на 16-годишниот напаѓач на кој му се предвидува голема кариера.

„Можам да потврдам дека Камарда утре против Каљари ќе биде стартер“, кажа Фонсека.

Дуелот меѓу Каљари и Милан е закажан за 18 часот.