Фернандеш имаше ептен урнебесна реакција кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед (ВИДЕО)

Само нешто повеќе од два месеци по завршниот турнир од минатото издание од Лигата на шампионите, денеска почнува новата сезона во најквалитетното клупско натпреварување во Европа и тоа со големото дерби помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Домаќинот брка реванш за елиминацијата од „ѓаволите“ пред две сезони, додека премиерлигашот сака да покаже дека атмосферата во екипата не е толку лоша, особено по убедливата победа на гости над Њукасл (4-1). Еден од најзаслужните за тоа беше Португалецот Бруно Фернандеш, кој вчера имаше урнебесна реакција на прес-конференцијата на која пред новинарите дозна дека ќе ја добие улогата на капитен.

Изразот на неговото лице е доволен доказ за фактот што воопшто не очекуваше ваков потег од тренерот Оле-Гунар Солшер.