ФА се откажа од долгогодишна традиција поради - муслиманите

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) реши да го прекине традиционалното наградување на освојувачите на ФА-купот со шампањ поради почит кон верата на некои фудбалери.

Внатрешните преговори во Асоцијацијата резултирале со одлука традиционалниот потег да се прекине, зашто на Муслиманите им е забрането да користат алкохол, додека има и случаи на фудбалери, кои немаат доволно години.

Но Асоцијацијата секако ќе остави безалкохолен шампањ, кој ќе биде користен за прскање при прослави. Финалето во ФА-купот годинава се игра на 18 мај, а силите ќе ги измерат Вотфорд и Манчестер сити.

Инаку, во Премиерлигата уште од 2012 година не делат шампањ токму поради таа причина.