ФА отвори истрага против Гуехи поради пораката на капитенската лента
Еден од најдобрите дефанзивци кој изминатото лето го сврте вниманието на себе со солидните настапи и на Европското првенството сега е под истрага на ФА.
Фудбалската асоција отвори истрага наведувајќи дека ги прекршил правилата. Гуехи и покрај тоа доби голема поддршка од својот менаџер, Оливер Гласнер.
„Го почитуваме секој фудбалер во нашиот тим. Марк е одлично и скромно момче и има голем респект кон сите во клубот“, објави Гласнер.
Кристал Палас во споменатиот натпревар славеше победа од 1-0 над Ипсвич