
Eвертон не победува, но и не губи: Трето реми во низа за „карамелите“
За Евертон кој сега има 33 бода ова беше трето реми во низа и тимот се наоѓа на 14-тото место на табелата, додека Вулвс имаат 23 на 17-тата позиција.
Гостинскиот состав прв дојде до водство со голот во 33. минута кога Линдстром од десната страна го пронајде Харсион. Тој ја прифати топката на работ од казнетиот простор, тргна напред и упати силен удар со кој го совлада голманот Жозе Са.
Само седум инути подоцна Вулвс преку Мунетси стигнаа до израмнување и тој резултат се покажа и како конечен.
Во вториот дел видовме по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.