Етникос Ахна објави 16 позитивни на Ковид-19 - меѓу нив и двајца Македонци

Во кипарскиот тим Етникос Ахна има дури 16 позитивни случаи на Ковид-19, меѓу кои и двајца македонски фудбалери Мартин Богатинов и Јован Костовски. 

Костовски и Богатинов заедно со останатите 14 позитивни лица уште од пред неколку дена се во домашна изолација и таму ќе останат во следните две недели. Двајцата се чувствуваат добро.

Богатинов беше дел од македонската репрезентација за последните два дуели од Лигата на нации против Ерменија и Грузија, како замена за Столе Димитриевски кој не допатува во Скопје поради позитивен тест на Ковид-19. Ова значи дека голманот автоматски нема да може да биде во комбинација за настап против Косово на 8 октомври во рамки на полуфиналниот бараж дуел за пласман на Европското првенство.