Етеми даде гол во поразот на Истанбулспор

Македонскиот фудбалер Валон Етеми беше стрелец во поразот на Истанбулспор од Кајсериспор со 2-4 во 21. коло од турската Суперлига.

Ејанга-Локило погоди за водство во 10. минута, по што Карлос Мане стрелаше за израмнување на резултатот во 18. минута.

Етеми беше стрелец на вториот гол за Истанбулспор, кој се врати во водство (2-1), но потоа Булут, Парлак и Басан стрелаа за целосен пресврт на Кајсериспор (3-2).

Истанбулспор останува на 18. позиција во шампионатот со 15 бодови, односно шест помалку од безбедната зона.