Ерата на Чави во Барселона заврши со победа (ВИДЕО)

Екипата на Барселона триумфираше со 2-1 на гостувањето кај Севиља и со победа го испрати Чави Ернандез кој денеска за последен пат ги водеше „каталонците“ како тренер.

Уште вчера тој беше известен дека добива отказ по официјалниот крај на сезоната, а се очекува утре на неговата позиција да биде назначен германскиот стручњак Ханси Флик. Стрелци на головите на денешниот натпревар за Барселона беа Левандовски и Фермин Лопез, додека за Севиља погоди Ен Несири.

Барса ја заврши сезоната на втората позиција на табелата со 85 бода, 10 помалку од новиот шампион Реал Мадрид.