
Енрике: Победата над Лил покажува на кое ниво сме, не се плашиме од никој!
Во плејофот од Лигата на шампионите го поминаа Брест со вкупни 10-0, а следниот предизвик им е лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул.
„Не сум видел досега мојот тим да има страв. Тоа не постои кај професионалците. Не верувам дека моите фудбалери се плашеле од било кој сега или во минатото. Сите имаат свое мислење, ние имаме добра и динамична игра, а сезоната оди добро од стартот. Сега сме во добар моментум. Мислам дека ова ни беше најдобар прв дел од сезона. Лил е еден од најдобрите француски тимови и игра во Лигата на шампионите, а победа над нив на овој начин само покажува на кое ниво сме. Сега се насочуваме кон Лигата на шампионите и двомечот со Ливерпул. Ќе бидеме амбициозни како секогаш“, изјави Енрике.