
Енрике ќе биде нов тренер на ПСЖ!?
Во трката за „жешкото“ столче во Париз беа неколку тренери, меѓу кои и Жозе Мурињо, но изборот на управата паднал на Луис Енрике кој во минатото ги тренираше Барселона и шпанската фудбалска репрезентација.
Првиот човек на парижаните, Насер Ал-Келаифи смета дека Енрике има квалитет да им го донесе европскиот пехар на „Паркот на принцовите“, а неговата промоција се очекува во следните недели.