Ендрик: Немам зборови да опишам што чувствувам, извинете што плачам!

Реал Мадрид пред 45.000 фанови на Сантијаго Бернабеу го претстави новиот напаѓач, големиот бразилски талент, Ендрик.

Ендрик имаше големи емоции на претставувањето, плачеше тој, плачеше и неговото семејство.

„Немам зборови да опишам што чувствувам. Не можам да го опишам тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам тука и да играм за Реал Мадрид. Тоа ми е сонот од дете“, рече емотивниот Ендрик.

„Го остварив нашиот сон, не само мојот туку и на моето семејство. Тоа е и за нив, поради сето тоа што го направиле за мене“.

„Извинете што плачам, тешко ми е да ги задржам емоциите“.

„Милитао, Винисиус и Родриго ми помогнаа многу. Зборувавме многу за Реал Мадрид. Се надевам дека тука ќе останам до крајот на кариерата. Му благодарам на Бог за оваа шанса, да им помогнам на соиграчите на и надвор од теренот. Ќе ги слушам советите од сите постари фудбалери тука“.