Емре Џан побарал итен состанок со раководството на Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Емре Џан побарал итен состанок со управата на италијанскиот шампион затоа што е загрижен за неговата иднина и за тоа дека би можел да го пропушти Евро 2020.

Џан не добиваше многу шанса сезонава, па поради тоа ќе разговара со управата од која ќе побара поголема минутажа или доколку тоа не можат да му го исполнат, тогаш ќе побара трансфер до крајот на јануари.

Искусниот фудбалер досега одигра осум меча во Серија А, а само на два беше стартер, па доколку не добие поголема минутажа во продолжение од сезоната, тогаш може да се прости со можноста да заигра за Германија на Евро 2020.