Рафаел Варан денеска за последен пат беше во тренинг-центарот на Реал Мадрид. Французинот прави трансфер во Манчестер јунајтед, па ја искористи шансата да се збогува со своите доскорешни соиграчи. 

Стоперот одржа и емотивен говор на теренот, а лично се поздрави со сите играчи и членови на стручниот штаб. Имаше и краток состанок со претседателот Флорентино Перез. 

Варан цели 10 години беше дел од кралскиот клуб по трансферот од Ленс, кога имаше само 18 години.