Емери со Арсенал ќе дебитира во Премиерлигата против Сити на Гвардиола (ФОТО)

Првото коло во новата сезона од Премиерлигата 2018/2019, која започнува на 11 август веднаш ќе донесе големо дерби. 

Актуелниот првак Манчестер сити ќе му гостува на Арсенал на „Емирати“. Тоа ќе биде „огнено крштевање“ за новиот менаџер на „топчиите“, Унаи Емери, кој го презеде кормилото од Арсен Венгер по 22 години.

Манчестер јунајтед на домашен терен ќе го пречека Лестер, Челси ќе гостува кај Хадерсфилд, Ливерпул игра со Вест Хем, Тотнем има гостување кај Њукасл.

Комплетниот распоред за цела сезона во Премиерлигата можете да го погледнете ТУКА.