Елмас урнебесно ги споредуваше соиграчите со колачи, па откри дека пица и суши јаде на тон!

„Не ми се допаѓа многу да трчам, ама морам“, посочи македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас на гостување на „ДАЗН“ во епизодата „Култура“, во која македонскиот репрезентативец урнебесно ги споредуваше дел од соиграчите од актуелниот италијански првак со колачи, раскажа за детството, а пицата во Неапол ја обожава и откри дека никој не може повеќе од него да изеде – суши.

Наполи силно чекори кон првата шампионска титула уште од ерата на Диего Марадона и веќе 33 години се чека на „скудетото“, а Елмас иако е џокер кај Лучано Спалети има силна улога во сезоната од сонишатта со моментно плус 19 бода пред вториот Лацио, пет победи до официјализација на круната и четвртфинале во ЛШ.

„Квара? Тој е – еклер! Ди Лоренцо е – баклава! Лоботка – 'баба' (рум колач – н.з.). А, Ким? За него не може да најдам десерт... Можеби – чоколаден прелив! Сите го сакаат“, урнебесно ги споредуваше соиграчите од Наполи со десерти.

Во детството обожувал да ја гледа Рома и се воодушевувал на Тоти, па открил како му минувало секодневието.

„Типичен ден како дете? Сѐ и сешто. Наутро на училиште, па ручек, па тренинг, па курс по англиски, кик-бокс, пливање... Па во осум навечер домашна по англиски. Не запрев... Мојот татко скоро да не гледаше фудбал, по цел ден работеше во слаткарницата „Мандарина“, за која сѐ уште не знам како е избрано името. Нормално дека помагав, затворав со татко ми. Многу се жртвував кога бев помлад. А, јас како дете навивав за Рома. Најмногу поради Тоти. Беше феномен. Само поради него ја гледав Рома“, вели Елмас.

Роден е во Скопје, сега живее во Неапол, а не може да престане да јаде пица.

„Прв спомен од Неапол? Тесни улици! Кога дојдов прво заминавме да јадеме пица. Многу е поразлично од Македонија, Неапол е прекрасен, има море, има многу работи, поголем е од Скопје, кој е мој град. Омилено ми е да јадам пица. Многу јадам, да ме видите нема да верувате. А, суши? Можам да изедам 70 парчиња крцкави суши ракчиња“, додава Елмас.