Елмас третпат стартер - играше едно полувреме, а откако излезе Наполи го снајде потоп (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец и најголем талент Елиф Елмас го одигра и третиот меч како стартер за Наполи, вторпат против Барселона, што веќе е најава дека екстраталентираниот фудбалер за врска многу веројатно ќе биде прв избор на Карло Анчелоти за средниот ред на стартот на новата сезона во Серија А кон крајот на месецов.

Елмас играше едно полувреме и на паузата Анчелоти го смени со Пјотр Зиелински, а Наполи по ремито без голови во првиот дел, доживеа вистински потоп во вториот. За 15 минути откако почна второто полувреме, Луис Суарез со два гола (48, 58), Ентоан Гризман (56) и Осман Дембеле (63) постигнаа четири гола за убедливи 4-0 во пријателскиот меч.

Елмас и на првиот дуел пред три дена беше стартер против Барса, а како и тој меч, така и овој повторно ги собра аплаузите од навивачите на Наполи, кој веќе стануваат сѐ посвесни дека имаат извонреден играч во своите редови и дека Анчелоти не залудно фрлил 16 милиони евра плус бонуси за да го донесе од Фенербахче.