Елмас не може глава да крене од навивачи на Наполи – се уби делејќи автограми (ВИДЕО)

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, иако е џокер на Лучано Спалети е ѕвезда во Неапол, па навивачите не му даваат мир, па пред тренинг-кампот во Кастел Волтурно го нападнаа за автограми.

Младиот македонски репрезентативец се уби потпишувајќи се на дресови, а девојки дури и селфија правеа со главата во автомобилот, само за да имаат спомен со фудбалерот кој им е симбол за пожртвуваност на теренот.

Елмас веќе објави дека веќе може да замисли што сѐ ќе се случува од недела, ако Наполи официјално го завери „скудетото“, а им треба победа со Салернитана и најмалку реми на Лацио со Интер во дербито за ЛШ. Елмас со асистенција беше клучен за победата кај Јувентус минатиот викенд.

„Не очекував таков дочек после мечот со Јувентус, па можам да замислам што сѐ ќе биде кога ќе ја освоиме титулата. Никогаш не замислував дека ќе освојам 'скудето', а сега сите само сакаме да уживаме до крајот. Тоа е една емоција која ќе ја паметиме сите цел живот, зашто доаѓаме од Македонија, Грузија, Косово, Словачка, Нигерија, Камерун... Не знам како ќе славиме, ама знам дека едвај го чекам моментот“, рече Елмас пред неколку дена.

Македонскиот ас пред еден месец да дете на семафори му ја даде тренерската после еден меч, откако го забележале во автомобилот.