
Елмас го воодушеви Неапол: На семафори на дете му го даде дуксерот (ВИДЕО)
Откако едното од децата го снимаше Елмас, македонскиот репрезентативец го изненади дополнително. Го соблече дуксерот и му го даде, па остана по кратки ракави во автомобилот, доволно за цел Неапол да се воодушеви од потегот.
„Златното срце на Елмас“, е насловот на низа наполитански медиуми, откако го објавија и видеото.
Македонскиот репрезентативец има шест гола и две асистенции сезонава во Серија А, а Наполи се врати на плус 18 на табелата на 12 кола до крајот на сезоната и веќе невозможно е да ја прокоцка оваа предност, зашто за титула им требаат шест победи до крајот, односно на пола од преостанатите мечеви да триумфираат.
Неапол веќе е западнат во шампионска екстаза и градот ќе експлодира во моментот кога Наполи и официјално ќе стане првак, зашто на титула во Италија се чека повеќе од три децении, од 1990 година и ерата на Диего Марадона.