Навивач од Аргентина осуден на 7,5 години затвор поради закани кон Ди Марија!

Аргентинскиот суд му изрече затворска казна на Серхио Габриел ди Вани, познат како „Бебе“, поради закани упатени кон фудбалерот Анхел Ди Марија и неговото семејство.

Случајот датира од март 2024 година, кога Ди Марија сакаше да се врати во татковината и да заигра во Росарио.

Според информациите од истрагата, во близина на домот на семејството на Ди Марија беа оставени куршуми, а пред агенцијата на неговата сестра била оставена кутиај со свинска глава и заканувачка порака.

Ди Вани е осуден на седум ипол години затвор поради организирање на заплашувањето на фудбалерот.