„Елмас е дете, треба да игра во екипи како Сасуоло, Џенова или Сампдорија!“

Доаѓањето на македонскиот бисер Елиф Елмас во Наполи за рекордни 16 милиони евра плус бонуси од турски Фенербахче на барање на Карло Анчелоти не е паметен, туку избрзан потег смета поранешниот тренер, Енрико Феделе, кој сега работи како стручен коментатор во Италија.

Според Феделе, кој е еден од малкумината на Апенините кои го критикуваат ангажманот на Елмас во Неапол, посочил на последното гостување за „радио Марте“ во емисијата Спорт Лајф, дека македонскиот бисер е дете кое прво треба да игра во помали клубови. Феделе го анализираше преодниот рок на Наполи под палката на Анчелоти, па го нападна дека направил – карма-каша!

„Велите греши се направиле со Фабијан Руиз и Ирвинг Лозано? А, дали беше Елиф Елмас добар пазар? Тој е дете и го носите на позиција каде го имате Шпанецот Руиз и Полјакот Пјотр Зиелински. Македонецот прво треба да оди да игра во клубови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија! Карло Анчелоти сакаше да направи некоја екстравагантна визија, ама...Сакаше да направи нешто што не можеше да го направи. Сакаше да направи во Наполи фудбалерите секогаш да играат различна позиција, а тоа е невозможно“, коментира Феделе.

Овој бивш тренер на Авелино и Беневенто од 90-те години на минатиот век, подоцна беше менаџер и негов најзначаен клиент беше Фабио Канаваро, капитенот на италијанската репрезентација која беше светски првак во 2006 година, а во таа година дефанзивецот беше прогласен за најдобар светски фудбалер. Феделе пред крајот на 90-те години и почетокот на новиот милениум работеше како дел од управата на Парма, во периодот на најславните денови на „млекарите“.