Елмас даде гол, па му го поништи ВАР (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол за Наполи против Џенова, но истиот гол му беше поништен по прегледување на ВАР - технологијата.

Сето ова се случи во осмата минута, а голот на Елмас беше поништен поради претходно играње со рака на Манолас.

Во редовите на Џенова нашиот капитен Горан Пандев натпреварот го започна од клупата за резерви, додека Елмас на спротивната страна беше стартер.