Елмас беше стартер на Олимпико, Наполи го победи Лацио во меч со три црвени картони! (ВИДЕО)

Елиф Елмас стартуваше од првата минута на мечот меѓу Лацио и Наполи кој неговиот тим го доби со 2-0, македонскиот репрезентативец беше блиск до погодок, ја погоди пречката.
 

Елмас одигра речиси цел натпревар, од игра беше изваден во 86. минут. Македонскиот репрезентативец имаше две шанси, и двете беа со глава, во првото полувреме ја погоди пречката од голот на домаќините.

Наполи двата гола ги постигна во првото полувреме. Во 13. минута Спнаола го отвори мечот, а во 32. минута Рахмани со глава ги постави конечните 2-0.

Наполитанците беа подобар тим во овој меч кој изобилваше со тензија. Тоа кулминираше во финишот од мечот кога почнаа да се делат и црвени картони.

Најпрво во 81. минут Нослин кај Лацио заработи втор жолт картон и излезе од игра.

Аво 88 минута се случи тепачка на теренот меѓу фудбалерите која резултираше со црвени картони за Марушиќ од Лацио и Мацоки од Наполи.