Един Џеко е толку добар глумец што ја измами ВАР-технологијата! (ВИДЕО)

Рома синоќа го совлада Калјари на драматичен начин, со гол во 94. минута, но денеска повеќе се зборува за еден друг контроверзен момент од натпреварот, во кој главната улога ја има Един Џеко.

Во 52. минута од натпреварот, Џеко имаше дуел со противничкиот голман и падна во шеснаесетникот. Судијата Дамато тргна кон него и му покажа жолт картон, арно ама потоа му сигнализираше ВАР-технологијата дека не е симулација, туку навистина имало пенал.

Меѓутоа кога ќе го погледнете видеото не сте тотално убедени дека овде има пенал. На првата забавена снимка се гледа како голманот на Калјари да го зафаќа со дланката пред да падне, но на втората јасно се гледа дека напаѓачот на БиХ глуми и паѓа самиот.

Како и да е, Диего Пероти не го искористи ударот од белата точка, па потоа Фацио дури во 94. минута погоди за 1-0.