Ѕвезда на Наполи се сели во Валенсија

Хозе Калјехон летово по завршување на сезоната ќе биде слободен фудбалер, бидејќи ќе му истече договорот со Наполи. Калчолигашот му понуди нова соработка, но Шпанецот ја одби.

Кај тренерот Џенаро Гатузо, не е ниту втора опција на десната крилна позиција, каде во прв план е Метео Политано, а негова резерва е Ирвинг Лозано. Ветеранот кој има 33 години, не сака да ја грее клупата пред крајот на својата кариера, па затоа прифатил понуда од Валенсија.

Тимот од „Месталја“ му дал гаранции за минутажа и одреден број на натпревари, кои ќе ги почнува од првата минута. Калјехон дојде во Наполи во летото 2013 година од Реал Мадрид и досега одигра 336 натпревари со 80 голови и 77 асистенции.