Порто заглави во долгови, па преговара за странски инвеститори!

Двојниот европски првак Порто, шампион на Европа од 1987 и 2004 година, поради сериозна финансиска криза најмногу и предизвикана од ковид-кризата е на продажба, па угледниот „Блумберг“ објави дека португалскиот великан е во потрага на странски инвеститори.

Порто веќе подолго време преку „Цертус Капитал Партнерс“ преговара за пронаоѓање на инвеститори и според последните информации, неколку инвеститори се заинтересирани да купат помали удели во клубот.

Португалскиот гигант е привлечен зашто постојано е дел од Лигата на шампионите, па финансиската изплатливост да се влезе во вакво проект е многу поголема кај инвеститорите за разлика од клубови кои не се така успешни.

Порто е клуб кој во последнава деценија има остварено најголема заработка од фудбалски трансфери, преку една милијарда евра, но и покрај сѐ, заглави со финансиите, а во ек е сериозна кампања против првиот човек на клубот Педро да Коста, откако се појавија аудио снимки како „пазари“ судии за да свират за неговиот клуб и ги потплаќа и со проститутки.

Порто пријави загуба од 116 милиони евра поради актуелната пандемија со коронавирус, па за очекување е дека многу брзо клубот ќе стане странска сопственост, како низа други гиганти во европскиот фудбал.