Два гиганти од Премиерлигата во трката по потписот на Влаховиќ
Веќе некое време се пишува дека Арсенал се интересира за Влаховиќ и нема да штеди за да го донесе. Топчиите се подготвени да понудат 60 милиони евра во јануари.
Сега стигнува информација дека и Манчестер јунајтед се приклучува во трката по српскиот напаѓач.
Познато е дека Премиерлигашите се оние кои најмногу трошат, па сигурно ќе стигнат серизони понуди до Јувентус, а прашање е дали италијанскиот клуб ќе може да им одолее.
По вчерашниот меч со Венеција, Влаховиќ влезе во вербална расправија со навивачите на Јувентус. Ваквите ситуации само го одалечуваат Србинот од продолжување на соработката со италијанскиот клуб.