Дуе го приближи ПСЖ на чекор од нова шампионска титула (ВИДЕО)

Францускиот гигант ПСЖ славеше со 1-0 против Брест и така на две кола пред крајот има шест бодови предност пред Ланс во Лига 1.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Дезире Дуе во 82. минута кога го матира голманот на гостите и донесе голема победа за парижаните.

ПСЖ е прв со 73 бодови, по што следи Ланс со 67, а во топ-4 се уште и Лил со 61 и Лион со 60 поени.

Standings provided by Sofascore