Доказ за хаосот во Јунајтед: Рангник им дал слободен ден на фудбалерите па – заборавил!

Екипата на Манчестер Јунајтед никако да застане на нозе и да почне да ги оправдува очекувањата на милиони навивачи ширум светот, дури и по доаѓањето на Ралф Рангник на местото на Оле Гунар Солшер на менаџерската функција, со оглед што и Германецот не успеа да се справи со хаосот што го наследи на „Олд Трафорд“.

Како доказ дека и тој не успева да се справи со притисокот кој го носи предводењето на „црвенит ѓаволи“ е последната информација дека, наводно, заборавил дека им дал слободен ден на фудбалерите и си дошол на тренинг. По мечот со Астон Вила во понеделник, тој им соопштил на играчите дека немаат обврски следниот ден, но и покрај тоа се појавил во тренинг-кампот, зачуден што нема никој друг во собата каде што се прават брзите тестирања пред секој тренинг.

Дури тогаш му кажале дека фудбалерите се слободни, по што си влегол во автомобилот и се вратил дома. Информацијата за ваквата заборавност на Рангник дошла до играчите на Јунајтед, кои потоа се шегувале на негова сметка.