
Додека сите се радуваат: Фудбалер на Реал ќе „пукне од мака“ зошто Зидан се врати во клубот!
Станува збор за Дени Себаљос, кој непосредно по заминувањето на Зидан на крајот од минатата сезона изјави дека е пресреќен поради тоа и дека во спротивни тој би го напуштил „Сантјаго Бернабе“. Причина за ова беше малата минутажа кој овој играч за врска ја имал во времето на францускиот тренер.
„Работев напорно и вредно, но Зидан не ми даваше шанса. Дури и кога дадов два гола, на следниот меч играв само една минута. Бевме во голема негатива во Ла Лига и фокусирани само на ЛШ, но јас и тогаш не добивав шанса“, изјави Себаљос минатата година.
Сезонава, тој настапи на 31 меч во сите натпреварувања, а беше дел од тимот кој изминатиов викенд убедливо го освои Ваљадолид.