
Додека Јунајтед е при дното во Премиер лигата, Антони блеска во Бетис: Три меча - три пати МВП
Синоќа неговиот нов тим Бетис го растури Сосиедад со 3-0, а Бразилецот постигна еден и асистираше за уште еден гол на составот од Севиља. Како резултат на тоа, Антони беше прогласен за играч на мечот, трет пат во третиот натпревар во „зелено-белиот“ дрес.
Сето ова се случува во момент кога Манчестер Јунајтед реди разочарувања и падна на 15. место на табелата во Премиер лигата. Можеби опстанокот не е доведен во прашање бидејќи разликата со Ипсвич изнесува 12 бода, но секако тоа не е пласман на кој се надеваа навивачите на клубот од Олд Трафорд.