Дижон го запре залетаниот Монако, Лил сигурен против Тулуз (ВИДЕО)

Лил славеше на домашен терен против Тулуз во 26. коло од француската Лига 1, додека Монако не успеа да го победи Дижон (1-1).

Лоик Реми во првото полувреме блесна во дресот на Лил, па постигна два гола за водство од 2-0, додека Санчез во 72. минута ги постави конечните 3-0.

Монако не тргна најдобро на гостувањето кај Дижон, па во 56. минута прими гол за 0-1, но во финишот успеа да ги постави конечните 1-1.

Анже успеа да го совлада Монпелје со 1-0, додека Стразбур одигра 0-0 со Амиен.