Димитриевски пред сензационален транафер - во поранешен европски првак?! (ФОТО)
Димитриевски има договор со Валенсија до летово, а според шпанските медиуми клубот од „Месталја“ сака да ја активира клаузулата и да му ја продолжи соработката до 2028 година, а причината е тоа што македонскиот голман блесна во улогата на прв чувар на мрежата откако му беше дадена шанса.
Голманот на Македонија оваа сезона настапи на 24 меча во сите натпреварувања за Валенсија и имаше седум „чисти мрежи“, што е одличен податок, а со неговите одбрани помогна на тимот да се извлече од лоша ситуација и да заврши во горниот дел од табелата, односно на деветтото место во Ла Лига.
Македонецот, сепак, ќе има сериозни понуди ова лето и Валенсија ќе има проблеми да го задржи во клубот затоа што за него покажува интерес гигант како Олимпик Марсеј, но постои интерес и од неколку други екипи.
Димитриевски пред да пристигне во Валенсија бранеше и за Рајо Валјекано, Химнастик и Гранада во Шпанија, како и за Работнички во Македонија.
❗️L'OM a coché le nom de Stole Dimitrievski (32 ans), libre en juin, pour succéder à Rulli.
— Massilia Zone (@MassiliaZone) May 23, 2026
Valencia veut le garder et exercer une clause pour étendre son contrat jusqu’en 2028.
[🎖@Santi_J_FM] pic.twitter.com/B0OEc8tbVu
Фото: Facebook/Valencia C.F