Димитриевски пак ја зачува мрежата, Рајо Валјекано подобар од Луго

Македонскиот голман Столе Димитриевски полека влегува во форма, откако втор меч по ре во шпанската Ла Лига 2 успеа да ја зачува мрежата во триумфот против Луго од 1-0.

Рајо Валјекано го постигна единствениот погодок преку Ембарба, а македонскиот голман немаше многу работа, па мораше да интервенира само двапати и успеа да запише уште еден дуел без примен гол.

Рајо во моментов е на 10. позиција со 31 бод, односно два бода помалку од место кое води во плејофот за пласман во Ла Лига.