
Димитриевски остана на голот, Рајо доживеа нов пораз! (ВИДЕО)
По „седмицата“ од Атлетико Мадрид неизвесно беше дали Столе Димитриевски ќе остана на голот на Рајо Ваљекано или ќе се пресели на клупата. Македонецот бранеше и денеска.
Рајо Ваљекано загуби со 1-0 на гостувањето кај Бетис.
Единствениот гол беше дело на Вилијан Хозе од слободен удар во 53. минута.