Димитриевски ја сочува мрежата, голема победа за Валенсија во Ла Лига!

Валенсија со 1-0 славеше на гостувањето кај Хетафе и освои три многу важни бодови во борбата за опстанок, нашиот Столе Димитриевски имаше извонредна партија.

Димитриевски максимално ја користи повредата на Агирезабала и со одличните партии покажува дека тој треба да е прв голман на Валенсија.

Македонецот уште еднаш ја сочува мрежата и даде сериозен допринос за денешните три бода.

Клучниот момент се случи во 84. минута кога Гаја погоди за водство на Валенсија од 1-0 што беше и конечен резултат.

Со денешните три бода Валенсија излезе од зоната за испаѓање.