Работнички убедливо го победи Шкупи во меч со седум гола

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Работнички и Шкупи денеска одиграа пријателски натпревар.

Работнички убедливо го доби натпреварот со резултатот од 5-2.

Два гола за Работнички реализираше Бошнаков, по еднаш погодија Манојлов, Шаини и Подграѓа.

Ова беше дуел на двете најслаби екипи во првиот дел од сезоната кои се и најсериозни кандидати за испаѓање од лигата, особено Шкупи кој има освоено само еден бод.