Десет пати сме играле против Португалија, но сега ни е првпат на голем турнир!
Традицијата е на страната на Португалија, тие имаат шест победи, ние имаме четири.
Најблиските мечеви ни се во 2023 година во квалификации за Европско првенство, Португалија тогаш убедливо ги доби двата натпревари.

Низ годините Португалците постојано напредуваат, на минатото Светско првенство играа во полуфиналето, а амбициите и на овој турнир им се борба за медал.
Тие денеска ќе влезат како големи фаворити, а ние ќе се обидеме да ги изненадиме и да им ги расипеме сметките.