Даниловиќ се надмина себеси - од 0-4 до победа против Венус Вилијамс
Даниловиќ се надмина себеси иако во мечот влезе како далеку подобро пласирана од Американката. Не само што имаше негатива во сетови откако Венус подобро го отвори мечот, туку во последниот сет губеше со 0-4 и се чинеше дека експресно ќе го заврши својот настап во Мелбурн. Следуваа шест освоени гема по ред од кои најдраматичен беше оној при резултат 4-4 кога ја искористи третата брејк топка, а се одигра 21 поен.
За Венус Вилијамс ова беше можеби последен настап на Австралија Опен каде сезонава настапи по пауза од шест години. Со оглед на тоа што е длабоко навлезена во петтата деценија од животот, не е исклучено ова да е навистина последна сезона во нејзината кариера.
фото: EPA photo