Македонија против Португалија со две измени: Лазаров ги враќа најискусните

Македонската репрезентација ќе биде далеку поискусна во дуелот против Португалија кој се игра вечерва од 18 часот.

Селекторот Кирил Лазаров, очекувано, се одлучи во составот да ги вклучи најискусните во тимот: голманот Никола Митревски и пикерот Жарко Пешевски. Двајцата го пропуштија дуелот против Данска, прво се шпекулираше дека се надвор од составот од тактички причини, но Лазаров по натпреварот објави дека двајцата имале мали повреди, па не сакал да ризикува со нив.

Митревски има 40, а Пешевски безмалку 35 години и се очекува да бидат лидери на теренот на мечот со Португалија.

Двајцата влегуваат на местата на далеку помладите, 21-годишниот Иван Галевски и 19-годишниот Самоил Ристевски кои остануваат на трибините.