Обложувалниците тотално нѐ отпишаа: Победа на Македонија носи огромна добивка
Противник е Португалија која според обложувалниците е означена како апсолутен фаворит за победа. Квотата за пиринејската селекција се движи меѓу 1,10 и 1,15 што е големо потценување за македонската репрезентација.
За победа на Македонија, коефициентот, во зависност од обложувалниците е меѓу 6,5 и 11. Тоа е предизвик за пасионираните обложувачи кои би можеле добро да заработат во случај на победа на нашиот национален тим.